Македонски | English | Shqip
Испечати ја оваа страница

Веб консултации

Интернет е медиум во кој корисникот има речиси полна контрола на тоа што сака да види и на тоа што не сака. Корисниците бараат информација, а не реклама. При појавувањето на рекламен банер во повеќето случаи корисникот не му обраќа внимание или просто го исклучува или продолжува понатаму без да ја види и да и посвети внимание. Аналогијата со телевизијската реклама е кога ќе го прекинат вашиот омилен филм за рекламна пауза. Во повеќето случаи ја искористувате оваа прилика да видите што има на другите канали, а не да ја гледате рекламата, што значи дека ефектот од ваквиот вид на реклама е мал.

Но тогаш како ќе се рекламираме преку Интернет?

Предноста на Интернет е тоа, посетителите мотивирани од нивните потреби за конкретна информација, пребаруваат низ Интернет со надеж дека ќе ја најдат. Вашата реклама е добрата и актуелна информација. Вашата веб страна ќе го види определена група на посетители со посебни интереси, што значи дека едно видување на вашата веб страна вреди повеќе и има поголем ефект од илјадници видувања на вашата реклама во некој весник. Ваквата определена група на посетители се вика таргет група и тоа се корисниците до кои треба да достигнете и кои можат да ви бидат потенцијални клиенти.

Ние ви предлагаме индивидуални решенија, кои се сообразуват со вашите цели.
 
Концепција, име, лого, домеин

Ќе ви помогнеме да ги поставите основите на вашиот онлајн бизнис. Ќе ви дадеме консултација за изборот на име на сајтот (домеин), ќе изградиме целосна концепција за сајтот и ќе изработиме лого кое ќе одговара на финалната концепција.

Планирање, архитектура и буџет

Изготвуваме план за работење, архитектура и буџет на секој проект, без разлика дали тоа што нашиот клиент го бара е лого, сајт, банер, веб презентација или рекламна кампања.

Правни и финансиски консултации

Ви предлагаме правни и финансиски консултации за онлајн бизнис, електронски магазини и списанија, корпоративни портали, онлајн медиуми и многу други веб приложенија.

Дизајн

Еден од клучните моменти за секој еден проект е дизајнот. Ние ќе се погрижиме тој да биде уникатен и да одговара на визијата на вашата компанија.