Македонски | English | Shqip
Испечати ја оваа страница

Профил

Здружението на граѓани, Асоциjација за Односи со Јавноста на Македонија, е здружение кое е формирано во првата половина на 2008 година и има за цел креирање на општествени вредности, како и да дејствува во полето на интегрираната маркетинг комуникација.

Водечките цели на Асоциjацијата за Односи со Јавноста на Македонија се:

  • Изградување и раширување на професионалните односи помеѓу академското образование и практиката.
  • Помагање на развојот на односите со јавноста како самостојна научна и практично приложна област во Република Македонија.
  • Утврдување на етичките и високо професионални стандарди во практикувањето на специјалистите од областа на односите со јавноста.
  • Популаризирање на актуелните образовни, научни и практични достигнувања во областа на општествената комуникација во Европа и во светот.
  • Градење и развој на информациска мрежа помеѓу специјалисти од областа на односите со јавноста од Република Македонија и странство.

Во почетокот на 2009 година во склоп на Асоцијацијата се формира отдел WEB and EVENTS.

Отделот се формира со единствена цел, нудење на квалитетни услуги, консултации за веб содржини, online маркетинг, организирање на настани, дизајн (идентичност на марката, графички дизајн) и бизнис консултации (подршка за изготвување на: ИПАРД апликации, бизнис планови, обуки и сл.)